Русија и Кина ги обвинуваат западните земји и Киев за ескалацијата на конфликтот во Украина, наведе денеска Министерството за надворешни работи во Москва, по разговорите меѓу министерите за надворешни работи Сергеј Лавров и Ванг Ји, јави ДПА.
„Министрите го изразија своето заедничко уверување дека причината за актуелната криза е одбивањето на Киев, охрабрено од САД и нивните сојузници, да го спроведе пакетот мерки од Минск одобрен од Советот за безбедност на ОН“, соопшти Министерството.
Според кинеската државна телевизија CCTV, Ванг изјави дека иако Кина отсекогаш го почитувала суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји, украинскиот конфликт има „комплексни и посебни историски аспекти“ и дека Пекинг ја разбира „легитимната загриженост на Русија за безбедносните прашања“.