Надбискупот од Кентербери Џастин Велби, највисокиот англикански свештеник во светот, го оквалификува рускиот напад врз Украина како – „акт на големо зло“.
Велби рече дека нападот бил „ужасен и неиспровоциран“ во изјавата потпишана и од надбискупот од Јорк Стивен Котрел.
И двајцата го поддржаа повикот на папата Франциско за глобален ден на молитва и пост за мир следната среда.