Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека Русија се однесува како „нацистичка Германија“

Во телевизиска изјава денеска тој соопшти дека неговата нација ги прекинала сите дипломатски односи со Русија.

-Нападот во раните утрински часови врз украинските сили од страна на Русија беше „злобен“ и сличен на тоа како нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, рече Зеленски.

Русија оди по „патот на злото“, додаде тој.