Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) денеска изрази сериозна загриженост за ситуацијата во Украина и предупреди на можни тешки хуманитарни последици.

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди во соопштение изјави дека се сериозно загрижени поради брзото влошување на ситуацијата и тековните непријателства во Украина.

Гранди истакна дека хуманитарните последици за цивилното население ќе бидат поразителни.

Тој додаде дека УНХЦР работи со своите партнери во Украина и дека е подготвен да обезбеди хуманитарна помош доколку е потребно.