Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека привремено го евакуира странскиот персонал од Украина откако Русија изврши напад врз земјата.
„Поради тековните борби и влошената безбедносна ситуација во Украина… Решив привремено да ги евакуирам сите членови на меѓународната мисија од Украина што е можно поскоро“, се вели во соопштението на генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид.