По инвазијата на Украина од страна на руските трупи, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со неговиот француски колега Емануел Макрон, соопшти Кремљ.

Имаше „сериозна и искрена размена на мислења за ситуацијата во Украина“, пренесува ДПА.

Путин детално ги објаснил причините за инвазијата, се додава во соопштението. Двајцата претседатели се согласиле да останат во контакт.

Макрон е првиот западен политичар кој разговарал со Путин по неговата меѓународно осудена наредба за инвазија. Телефонскиот разговор се одржал по иницијатива на Париз.