Британското Министерство за одбрана објави разузнавачки информации за настаните во Украина.

– Руските сили веројатно ја зазеле нуклеарната централа во Чернобил и наводно притвориле работници. Украинските вооружени сили наводно го спречиле рускиот напредок кон Черихов. Борбите најверојатно ќе продолжат на периферијата на градот. Малку е веројатно дека Русија ги постигнала планираните воени цели за првиот ден. Украинските сили пружија жесток отпор на сите правци на напредокот на Русија, се вели во соопштението.