Настани што може да се потврдат од руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден – 25 Февруари 2022. Хронолошки распоред:
Руски воени возила преминуваат од Белорусија во Украина на преминот Сенковка во Черниговската област.
Руски воени возила го минуваат мостот кај Тавриск и Нова Каховка во јужната Херсонска област и руски воени хеликоптери летаат над тоа подрачје.
На снимка од безбедносни камери се гледа како руски воени возила преминуваат од Крим кон територија контролирана од владата на контролниот пункт Армијанск.
Експлозии околу Киев и нивни последици.
Над Киев летаат хеликоптери, за кои се верува дека се руски.
Пожар во близина на седиштето на украинската разузнавачка агенција
Експлозии во Дњепар во источна Украина.
Експлозии во близина на аеродромот и складишта за бомби во Миргород во источна Украина, вклучително и звук од гранатирање.
Последици од експлозии во Мариупол, стратешки град на Азовското Море во близина на руската граница.
Експлодира граната во станбена зграда во источниот град Харков; жител ја опиша експлозијата и рече дека соседот бил ранет во ногата и бил однесен со брза помош.
Веднаш надвор од областа контролирана од сепаратистите, во Бахмут, воени офицери стационирани на патот и гужви во редови на бензински пумпи и банки за да се подготват за бегство.
Во Сијеродоњецк семејства се кријат во засолништа за бомби по извештаите за две експлозии.
Воен авион се урна во областа Обухив, 40 километри јужно од центарот на Киев. Во авионот имало 14 лица, нема утврдени жртви. (Украинско Министерство за вонредни ситуации)
Бомбардирање на електрична централа во Трипиљи, 40 километри јужно од Киев, во приближно истата област каде што претходно беше соопштено дека се урнал украински воен авион (Канцеларија на претседателот на Украина)
Руската армија објави дека уништила 74 украински воени објекти, вклучително и 11 воздушни бази (Руско Министерство за одбрана).
Русите го заземаа воениот аеродром во близина на Киев
Путин: Воената операција е изнудена мерка, Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем Руските сили ја зазедоа АЕЦ Чернобил
Борис Џонсон го претстави пакетот „остри“ санкции против Русија
Руското Министерство за одбрана потврди за навлегување на копнените сили во Украина
Советот на Европа разгледува санкции против Русија
Ен-Би-Си Њуз: Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија
Бајден вети дека ќе се брани „секој сантиметар“ од територијата на НАТО, но нема да бидат распоредени американски војници во Украина
Проценки на УНХЦР: Околу 100.000 Украинци ги напуштија своите домови, неколку илјади бегаат во странство
Песков: Москва подготвена за преговори со Зеленски ако Украина се предаде
ЕУ договори нова рунда санкции за Русија поради инвазијата врз Украина
Во Русија уапсени околу 1.400 антивоени демонстранти
Зеленски наредил општа мобилизација, Украина им забрани на мажите од 18 до 60 години да ја напуштат земјата
Британско Министерство за одбрана: Русија не ги постигна своите планови за првиот ден
Руската војска го оцени како успешен првиот ден од воените дејствија во Украина