По упатствата дадени од кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, во Кипар ќе биде отворена специјална банкарска сметка за помош и поддршка на Украина, а паралелно ќе се собира и хуманитарна помош, јави дописничката на МИА од Атина.
На овој начин, според кипарските власти, Кипар изразува солидарност и практична поддршка за украинските граѓани.
Освен отворената банкарска сметка, од денеска започнува и кампања за собирање хуманитарна помош во соработка со Министерството за надворешни работи на Кипар по контактите со Владата во Украина.
Иницијативата е поддржана од локалната самоуправа и невладини организации. с