Министрите за внатрешни работи на Европската унија викендов ќе одржат вонреден состанок на кој ќе разгледуваат „конкретни одговори на ситуацијата во Украина“.

„На дневен ред се неколку теми, вклучително и европскиот одговор на хуманитарното и безбедносното влијание, како и одмаздничките мерки“, објави денеска на Твитер францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен.

ЕУ ноќеска како одговор на рускиот напад врз Украина постигна договор за пакет санкции против Русија во финансискиот сектор, енергетиката и транспортот.

Инаку, министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се состануваат за да ги отпочнат процедурите за воведување санкции против Русија.