Работите се движат брзо на теренот во Украина, па Би-Би-Си направи преглед на најновите случувања:
– Во Киев се слушнаа нови експлозии, а градоначалникот предупреди на „заканувачка“ ситуација
– Украина соопшти дека 18.000 митралези се поделени на доброволци
– Видеата од претходно денеска покажаа оклопни возила како напредуваат низ северните делови на градот
– ЕУ воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Би-Би- Си потсетува дека станува збор за замрзнување на имотот, а не забрана за патување. Велика Британија ги воведува истите санкции веднаш.
– НАТО соопшти дека распоредува уште илјадници војници во Источна Европа.
– Украинците, наводно, се одвоени од нивните семејства додека се обидуваат да побегнат од земјата. На мажите на возраст од 18 до 60 години, кои би можеле да бидат регрутирани, сега им е забрането да ја преминат границата
– ОН велат дека ги зголемуваат операциите за да им помогнат на цивилите погодени од руската инвазија. Се проценува дека повеќе од 100.000 веќе ги напуштиле своите домови.