Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска оти неговата земја е подготвена да биде домаќин на меѓународните натпревари на руските спортски екипи.

Како реакција на рускиот воен напад на соседна Украина, бројни меѓународни спортски асоцијации веќе ги откажаа или дислоцираа спортските натпреварувања од територијата на Русија, а вечерва апел за целосен спортски бојкот на Русија и Белорусија упати и Меѓународниот олимписки комитет.

Одговарајќи на новинарско прашање на конференција во Белград, шефот на српската држава порача дека неговата земја би можела да биде домаќин на меѓународните натпревари на руските тимови доколку за тоа постои интерес од сите страни.

– Постои интерес руските клубови своите натпревари како домаќини да ги играат во Србија. Тоа е нечија иницијатива, дали на УЕФА, ФИБА, УЛЕБ … Не знам ни јас самиот, но доколку е тоа интерес на сите, ние би биле подготвени тоа да го направиме. Србија секогаш била добар домаќин“, изјави Вучиќ.