Хронолошки подредени случувањата поврзани со руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден
Украинскиот министер за надворешни работи соопшти дека Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта
Граничен пункт во Запорожје погоден од ракета, има и жртви, соопштено е и уривање на непријателски авион во Киев
„Украинска правда“: Руски тенкови упатени кон Киев, мост дигнат во воздух за да се запре рускиот конвој
Во Лавов сирени за предупредување од воздушен напад
Министрите за надворешни работи на ЕУ на итни разговори
Зеленски: Ние сами си ја браниме државата, најмоќните сили во светот гледаат оддалеку
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко: Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев
Советот за безбедност на ОН ќе гласа резолуција со која се осудува Русија
Меѓународниот кривичен суд може да истражи евентуални воени злосторства по рускиот напад врз Украина
Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас: Нападот на Путин врз Украина е варварски и неоправдан
Околу 800 загинати руски војници од почетокот на воените дејствија, според украинското Министерство за одбрана, јави Си-Ен-Ен
Украинска армија: Има борби со руските сили во непосредна близина на Киев
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан: Путин сака да ја симне Украина од картата на нациите
„Шпигел“: Германија планира да испрати војници во источното крило на НАТО
Британскиот министер за одбрана, Бен Валас: Русија има намера да ја окупира цела Украина
Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер: Сакаме да ја изолираме Русија финансиски
Портпаролот на руското Министерство за одбрана: Русија ќе распореди падобранска единица за заштита на Чернобил
Макрон го осудува „двојството“ на Путин, но сака да го одржи дијалогот
Ле Дриан: Путин мора да разбере дека НАТО е исто така нуклеарен сојуз
Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил
Руски трупи влегоа во Киев, тврди украинското Министерство за одбрана
Русија забрани британски авиони да влегуваат во нејзиниот воздушен простор, откако рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија, по нападот врз Украина
Зеленски ја повика ЕУ да воведе построги санкции кон Русија
Оружени престрелки во Киев
Украинските одбранбени сили ги повикаа сите цивили да се приклучат во одбрана, независно возраста
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто: Унгарија ќе отвори хуманитарен коридор за граѓаните од трети земји кои бегаат од Украина
Припадници на француската елитна жандармерија испратени во Киев за да ја заштитат француската амбасада
Меркел: Оваа агресивна војна на Русија означува длабока пресвртница во историјата на Европа, по завршувањето на Студената војна
Украина: Русија го напаѓа Киев од белорускиот аеродром Гомел
Лавров: Сакаме да ги ослободиме Украинците од угнетување на нацизмот
Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа рестриктивни мерки кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко
Проценки на СИПРИ: Не се очекува Путин да ги реализира заканите за употреба на нуклеарниот арсенал во Украина
Шарл Мишел: ЕУ подготвува нов бран санкции против Русија
Лавров: Русија подготвена на преговори веднаш штом украинските сили го положат оружјето
Песков: Путин подготвен да испраати делегација во Минска на преговори со Украина
Кличко: Киев влезе во фаза на одбрана
ЕУ подготви жесток одговор- остри директни санкции за Путин и Лавров
Ердоган: НАТО треба да биде порешителен во однос на Украина
Украинците и денеска бегаат од Киев, во чии предградија се водат борби
Путин ги повика украинските војници да ја земат власта од „наркоманите и неонацистите“ во Киев
Киев: Од почетокот на инвазијата Русија „изгуби“ 2.800 војници
Советот на Европа ја суспендира Русија од своите редови
Борел со порака до Русите: Путин не е рускиот народ
Амбасадата на САД во Киев повторно ги повика Американците под итно да ја напуштат Украина
Кулеба: Во Хаг ќе испратиме податоци за руски воени злосторства
Во Киев се слушнаа нови експлозии, а градоначалникот предупреди на „заканувачка“ ситуација
Украина соопшти дека 18.000 митралези се поделени на доброволци
ЕУ воведе санкции за рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
НАТО соопшти дека распоредува уште илјадници војници во Источна Европа.
На мажите на возраст од 18 до 60 години, кои би можеле да бидат регрутирани, сега им е забрането да ја преминат границата
Се проценува дека повеќе од 100.000 веќе ги напуштиле своите домови.