Украинскиот претседател Зеленски утрово објави уште едно видео од центарот на Киев.

„Има многу лажни информации на интернет дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и дека има евакуација“, рече тој.

„Јас сум тука. Нема да го оставиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава бидејќи нашето оружје е нашата вистината“.

Тој ги осуди тврдењата дека се предал или побегнал.