Националните објекти, дел од критичната инфраструктура, вклучително и нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија, се со засилено обезбедување, рече бугарскиот премиер Кирил Петков како одговор на прашањето за ризиците за Бугарија од воената акција во Украина во Народното собрание.

Премиерот на Бугарија посочи дека во Владата на државата има работни групи кои вршат целосна проверка на нејзината резерва.

Петков истакна дека не верува дека постои опасност за Бугарија во моментот итреба да се искористи за да се доведе целиот систем во готовност.