Украинскиот претседател Володомир Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија.
Претходно, руските медиуми јавија дека руска делегација пристигнала во Белорусија на разговори со украинската страна.
– Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.