Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) сè уште не може да ги повлече сите свои набљудувачи од Украина.
Поголемиот дел од тимот распореден во источна Украина што броеше околу 500 луѓе ја напушти земјата, но сè уште не е можна евакуација на набљудувачите од Харков и Херсон, соопштија од Секретаријатот на ОБСЕ во Виена.
„Поради тековните активности, континуирано гранатирање и извештаи за борби, како и динамичните случувања на фронтот, мониторинг-тимовите лоцирани во градовите Харков и Керсон остануваат во своите засолништа, стои во извештајот од ОБСЕ. Набљудивачите ги следат случувањата на терен, во исчекување да се создадат поволни услови за нивно безбедно евакуирање од Украина.
Од ОБСЕ уште посочуваат дека набљудувачи се уште не се повлечени и од релативно помирните источни региони Луганск и Доњецк.
ОБСЕ минатиот четврток одлучи привремено да ја заврши својата мисија поради руската инвазија и да го пресели својот невооружен меѓународен тим надвор од земјата.
Главната задача на мисијата беше да ја надгледува линијата за прекин на огнот меѓу украинските државни трупи и проруските сепаратисти на истокот на земјата.