Британскиот премиер Борис Џонсон денеска предупреди на се поголема хуманитарна криза поради руската инвазија врз Укараина и оти може да се очекуваат милиони бегалци.

– Кога синоќа разговарав со (американскиот) претседател (Џо) Бајден се фокусиравме на хуманитарната криза, што сега почнува. Инвазијата на Путин веќе принуди стотици илјади луѓе да побегнат од своите домови и ние мораме да се подготвиме за уште поголем бран, можеби милиони, истакна Џонсон во Варшава.

Тој додаде дека Обединетото Кралство ќе испрати до 220 милиони фунти итна и хуманитарна помош за Украина, а илјада војници се во состојба на подготвеност за да помогнат во хуманитарните операции во соседните земји, вклучително и во Полска“.