САД ги повикаа Обединетите нации да протераат вработен кој наводно работел како „руски разузнавач“, изјави денеска американски дипломат за западни медиуми.
– САД „иницираа барање за заминување на еден руски разузнавач кој работи во Обединетите нации, кој ги злоупотребил привилегиите за престој во САД“, изјави портпарол на американската мисија во ОН.