Руските сили синоќа го бомбардираа аеродромот во Чугујево во Харковската област, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко.

Тој го напишал тоа на својот Телеграм канал, објавувајќи и видео снимка од експлозијата.

– Уште еден напад со крстосувачки ракети „калибар“ на аеродромот во Чугујево. Боевата глава тежи 500 килограми. Кутри, кутри луѓе, напишал Херашченко.

Тој истакна дека најмалку 10 лица загинале, а 35 се повредени во вчерашните ракетни напади на руските сили врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина.

Во денешното ракетирање на Харков, уништена е и зградата на Конзулатот на Словенија.