Обединетите синдикати на образованието и науката на Косово (СБАШК) побараа од училиштата во државата првиот училишен час денеска да го посветат на Украина и украинскиот народ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во синоќешното соопштение на СБАШК се бара од училиштата да се солидаризираат со синдикатите на образованието во Украина и со украинскиот народ по руската агресија врз таа држава.
– Изразувајќи загриженост поради руската агресија во Украина и солидаризирајќи се со синдикатите во образованието и со народот на Украина… апелираме до вас на 2 март (среда) приот училишен час во сите смени да се посвети на Украина, со активности на учениците во знак на солидарност со нив и воедно со осуда на руската агресија во Украина, се вели во соопштението на косовските синдикати.