Претседателката на Косово, Вјоса Османи отпатува денеска за Малта, на покана на малтешкиот претседател Џорџ Вела, под чие покровителство на 3 и 4 овој месец ќе се одржи Форумот за мир и култура, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти кабинтетот на Османи, таа ќе биде еден од панелистите, заедно со други претседатели на држави, на трибината за улогата на светските лидери за мирот во светот.

За време на престојот во Малта, покрај со хомологот Вела, Османи ќе се сретне и со претседателот на Претставничкот дом на малтешкиот Парламент, Ангело Фаруџиа и со министерот за надворешни работи на Малта, Еварист Бартоло.