Острите финансиски санкции наметнати од САД, Европската унија и западните сојузници и нанесоа „сериозен удар“ на руската економија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Руската економија сега се соочува со сериозен притисок и сериозен удар“, нагласи Песков, јави ДПА.
Но, сепак, тој додаде дека „има маргина на безбедност, има потенцијал и има планови“.
„Во тек е неуморна работа. Ќе застанеме на нозе. Русија се уште има резерви да го амортизира ударот врз економијата“, рече Песков.
Тој истакна дека Русија ќе одговори на санкциите на Западот со „трезна глава“ и „без да си пука во нога“.