Популарното радио „Ехо на Москва“ (Ekho Moskvy), што е критички настроено кон Владата, ќе биде затворено. Информацијата ја објави денеска, главниот и одговорен уредник, Алексеј Венедиктов.

Неговата објава уследи по одлуката на одборот на директори на станицата.

Радиото беше критично во своето известување за руската инвазија на Украина.