Европската унија повикува на итен прекин на огнот во Украина, изјави денеска шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел.
– Оваа војна треба да запре сега. Повикувам на итен прекин на огнот. Повикувам на инто воспоставување на хуманитарен коридор, објави Борел на Твитер.
Борел, исто така, напиша дека европскиот блок стои со Молдавија, која прими повеќе од 20 илјади деца бегалци од војната.