При рускиот воздушен напад врз украинскиот град Чернив загинаа најмалку девет лица, а четворица се повредени, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.
Тој додаде дека погодени се и две училишта и приватни домови во Чернив.
– Спасувачите се на терен. Според податоци на Државната служба за вонредна ситуација, досега загинале девет луѓе, а четворица се повредени, посочи Чаус.