Шефот на регионалната државна управа на Запорожје вели дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје е „осигурана“, јави Би-Би-Си.

Александар Старук објави само една реченица на Фејсбук, велејќи дека разговарал со директорот на нуклеарната централа Запорожје во Енерходар и дека бил уверен дека е безбедна.

„Директорот на ЗНПП ме увери дека во моментов нуклеарната безбедност на објектот е осигурана“, напиша тој на Фејсбук.

ТИзјавата доаѓа откако највисоките украински официјални лица предупредија на можна нуклеарна експлозија поради гранатирањето од страна на руската војска.