Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
Во едночасовен разговор двајцата си размениле различни ставови.
Канцеларот Шулц изразил длабока загриженост и го повикал руското раководство веднаш да ги прекине сите борби и да обезбеди хуманитарен пристап до спорните области. Претседателот Путин го информираше канцеларот дека Русија и Украина го закажаа третиот круг преговори за овој викенд. Путин и Шолц се согласија да одржат дополнителни разговори во блиска иднина.