Британската воена разузнавачка служба денеска соопшти дека руските сили гаѓаат населени области во Украина, но дека силниот отпор го забавува напредокот на Русија, јави ДПА.

„Степенот и силата на украинскиот отпор продолжува да ја изненадува Русија“, соопшти британската воена разузнавачка служба.

Русија „одговори со гаѓање цели во населени места на неколку локации, вклучувајќи ги Харков, Чернихив и Мариупол“.

„Русија употреби слична тактика и во Чеченија во 1999 година и во Сирија во 2016 година, користејќи и воздушна и копнена муниција“, соопшти британската воена разузнав чка служба, пренесе ДПА.

Русија постојано негира дека гаѓа цивилни области.