Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации денеска објави дека ќе ја посети Кина во мај, со нејзиниот тим кој ќе се упати во Синѓанг, каде Пекинг е обвинет за сериозни злоупотреби.
„Задоволство ми е да објавам дека неодамна постигнавме договор со владата на Кина за посета“, рече Мишел Бачелет пред Советот за човекови права на ОН.
Таа рече дека нејзината канцеларија и Пекинг „иницирале конкретни подготовки за посетата што се предвидува да се одржи во мај“.
Долго време има повици за посета на Високиот комесаријат за човекови права на ОН во Синѓанг.