– Руските сили соопштија дека ќе престанат да пукаат почнувајќи од 10 часот по московско време денеска и се подготвени да обезбедат коридори за цивилите да можат да се евакуираат од Киев и четири други градови.
– Американската влада го отфрли како „неодржлив“ предлогот на Полска дека може да им стави на располагање на Американците 29 борбени авиони МИГ од советската ера за да помогнат во одбраната на Украина.
– САД ќе испратат две противракетни батерии „Патриот“ стационирани во Европа во Полска за да ја зајакнат својата одбрана од напади.
– Руската војска решава некои од своите логистички проблеми и би можела да изврши напад врз Киев за неколку дена, според експерти.
– Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше опишан како херој од британскиот печат, откако тој се повика на борбата против нацизмот во видео обраќање до пратениците во Лондон за да направи повеќе за да помогне во заштитата на неговата земја.
– Украина ја обвини Русија дека го прекршила договорот за прекин на огнот, со гранатирање на рутата наменета да им овозможи на цивилите да избегаат од опколениот град Мариупол. Жителите на пристанишниот град живеат без греење, вода, санитарни системи и телефони.
-Потезите на Северноатлантската алијанса предводена од САД се причината што доведе до „критична точка“ на тензиите меѓу Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан.
– Војната на Русија во Украина е засилена со 285 милиони американски долари дневни плаќања за нафта од европските земји, откри еден тинк-тенк. – САД го забрануваат увозот на руска нафта „за да му нанесат дополнителна болка на Владимир Путин“, изјави Џо Бајден. ЕУ не се приклучи на забраната, но британската Влада вети постепено укинување на увозот на руска нафта до крајот на годината.
– Европа мора да престане да зависи од рускиот гас, се согласија европратениците доцна синоќа за време на дебатата за растот на цените на енергијата, по одлуката на САД да воведат ембарго на руската нафта и гас и слични одлуки на Лондон за постепено укинување на увозот до крајот на 2022 година.
– Системите за следење на нуклеарниот материјал во капацитетите за складирање радиоактивен отпад во нуклеарната централа во Чернобил, која беше заземена од руските сили минатиот месец, престанаа да испраќаат податоци до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), соопштија ОН. – Контроверзниот гасовод Северен поток 2 меѓу Русија и Германија, погоден од мерките по руската инвазија на Украина, е „мртов“ и нема да може да „оживее“. „Мислам дека „Северен поток 2“ сега е мртов… тоа е големо парче метал на дното на морето и мислам дека нема да може да оживее“, нагласи американската државна потсекретарка Викторија Нуланд.
– Венецуела ослободи најмалку двајца Американци од затвор во очигледен гест на добра волја кон администрацијата на Бајден по посетата на Каракас на висока американска делегација. -Работата во Русија ја прекинуваат Пепси, Кока-Кола, Старбакс, Мекдоналдс, Хајнекен…