Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска ќе потпише извршна наредба за спроведување проценка на ризиците и придобивките од создавањето дигитален долар на Централната банка, како и за други прашања што се однесуваат на криптовалутите, соопштија претставници на неговата администрацијата.
Бајден бара од Министерството за финансии, Министерството за трговија и други институции да изготват извештаи за „иднината на парите“ и улогата што ќе ја играат криптовалутите.
Официјални претставници на финансискиот сектор сметаат од суштинско значење за националната безбедност, финансиската стабилност и конкурентноста на САД е широк надзор врз пазарот на криптовалути, за на тој начин да може да сузбие растечката закана од кибер-криминалот.
Трговијата со криптовалути во ноември минатата година достигна вредност над три трилиони долари. Проценка на аналитичарите е дека таквиот потег на американскиот претседател е признание на растечката важност на криптовалутите и последиците од нив, како за САД така и за глобалните финансиски системи.