Британскиот министер за одбрана Бен Валас најави дека неговата земја ќе ги зголеми испораките на оружје за Украина за да може земјата да се одбрани од руската инвазија.
Британија досега испорача 2.000 противтенковски проектили NLAW на Украина, а Валас денеска пред пратениците изјави дека ќе бидат испратени уште 1.615.
Дополнително, Британија во Украина ќе и испорача мала пратка противтенковски ракети од типот Џавелин, а се разгледува и испраќање на ракети земја-воздух од типот Starstreak, јави Би-би-си.