Портпаролот на француската влада Габриел Атал ги осуди „нехуманите и кукавички“ напади откако руските сили во средата гранатираа детска болница во опколениот град Мариупол во Украина, јави дописникот на МИА.

-Сакам да го кажам ова во име на француската влада: нападите на Русија против педијатриската болница во Мариупол се нехумани и кукавички. Мета се жените, децата, старателите, неискажливо е и ние повторно повикуваме на прекин на огнот, изјави Габриел Атал на РТЛ.