Амбасадорот на Украина во Берлин, Андриј Мелник, се надева на брза реакција од Германија за повеќе испораки на оружје за неговата земја.

– Ќе се сретнам денеска со министерот за одбрана и се надевам дека ќе добиеме многу конкретна понуда, рече Мелник во денешната емисија „Моргенмагазин“ на јавниот радиодифузен сервис ЗДФ.

Во интервју за ДПА, Мелник претходно се осврна на украинските списоци со желби, кои вклучуваат системи за противвоздушна одбрана и огнено оружје против беспилотни летала, но втората листа вклучува и системи за тешко оружје, како што се подморници и тенкови.