Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, во разговор со неговиот француски колега Жан-Ив Ле Дриан, изјави дека Кина се надева оти „војната" во Украина ќе престане „колку е можно поскоро".

Во изјавата Ванг првпат ја опиша ситуацијата во Украина како „војна". Кина досега се воздржуваше од осуда или од опишување на рускиот напад врз Украина како „инвазија".

Кинеската државна телевизија CCTV го цитираше шефот на кинеската дипломатија дека ги повикал сите инволвирани страни на смирување и да преземат повеќе активности за да се спречи ескалација во Украина.