Најнови случувања во руската инвазија врз Украина:

Главниот град Киев наскоро може да биде опколен, при што руските сили се движат во областите северно и западно од главниот град, вели украинската војска, а четири други големи градови практично се под опсада.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека камионите што превезувале храна и лекови до опколениот град Мариупол — без вода и струја 11 дена — биле нападнати од руски тенкови. Градоначалникот на градот вели дека се гранатира „на секои 30 минути“.

Руската армија тврди дека смртоносниот бомбашки напад врз детската болница во Мариупол бил „инсцениран“ од Украина.

Детска градинка и станбен блок беа погодени во првите воздушни напади врз централниот град Днипро, при што најмалку едно лице загина.

Украина соопшти дека најмалку 71 дете е убиено, а повеќе од 100 се ранети од почетокот на руската инвазија.

Зеленски вели дека за два дена околу 100.000 луѓе се евакуирани од областите околу Киев, Суми и Изум.

Украинската војска соопшти дека се водат борби за контрола на северниот град Чернихив и Харков и Северодонецк на исток.

Москва ветува дека ќе отвора хуманитарни коридори секој ден за да им овозможи на Украинците да избегаат, но Киев ги отфрли рутите кои водат кон Русија или нејзиниот сојузник Белорусија.

Советот за безбедност на ОН ќе се состане денеска откако Русија соопшти дека во Украина се развива биолошко оружје, тврдењата и Вашингтон и Киев негираат. САД велат дека овие наводи се знак дека Москва наскоро би можела да го употреби самата такво оружје.

САД и нивните европски сојузници би можеле да наметнат дополнителни казни за Москва затоа што „злосторствата што тие ги вршат врз цивилите се чини дека се интензивираат“, рече американската министерка за финансии Џенет Јелен.

Прес секретарот на Белата куќа Џен Псаки рече дека секоја одлука на Москва да заплени имот на американски или меѓународни компании „на крајот ќе резултира со поголема економска болка за Москва“.

Лидерите на Европската унија и порачаа на Украина дека не постои брз начин да се приклучи на блокот, а холандскиот премиер Марк Руте рече дека забрзан прием „не постои“.

ОН соопштија дека повеќе од 2,3 милиони луѓе ја напуштиле Украина – повеќе од половината во Полска.

Азиските берзи паднаа за повеќе од два отсто, а јенот го достигна најниското ниво во последните пет години поради стравувањата од долга војна во Украина.

Американската инвестициска банка Голдман Сакс се повлекува од Русија, првата институција на Волстрит што го стори тоа по инвазијата.