Австриското Министерство за одбрана поради војната во Украина ја разгледува можноста да воведе продолжување на воениот рок и враќање на задолжителните вежби за резервниот состав.
Задолжителните воени вежби за резервниот состав на австриската армија во 2006 година ги укина тогашниот министер за одбрана, Гинтер Платер.
Од Канцелариајта на актуелната министерка за одбрана, Каудие Танер, соопштуваат дека сериозно се разгледува како опција моделот „шест плус два”, што значи задолжителни шест месеци воена обука и двомесечни воени вежби.
Ервин Хаметседер, одговорен за резервниот состав на австриската армија, истакна дека актуелната геополитичка безбедносна ситуација во Европа ја наметнува потребата од разгледување на опцијата за повторно воведување задолжителни армиски вежби.