Руското обвинителство денеска соопштија дека ја засилуваат контролата врз странските компании, кои одлучија да ја напуштат земјата откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина.
– Обвинителите воспоставија строга контрола врз почитувањето на законот за работни односи, вклучувајќи ги условите за договорите за вработување, постапката за исплата на платите и одредувањето на нивната големина, се наведува во соопштението на Руското државно обвинителство.