Од почетокот на руската инвазија врз Украина повеќе од 100.000 бегалци од Украина пристигнаа во Германија.

Портпаролот на Министерство за внатрешни работи изјави дека над 109.000 украински бегалци се регистрирани во Германија.

Претходно, Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека 2,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската интервенција во Украина, а поради војната во земјата има и два милиони внатрешно раселени лица.