Во Анталија почна вториот Дипломатски форум на учествуваат политичари, дипломати, креатори на јавното мислење и интелектуалци од целиот свет за да разговараат за глобалните прашања, јави агенцијата Анадолија.
Второто издание на престижниот собир започна со панел-дискусии, по што следуваа воведни говори на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жозеп Борел, се исто така меѓу учесниците на Форумот чија тема е „Прекодирање на дипломатијата“.
Форумот почна еден ден по состанокот на министрите за надворешни работи на Турција, Украина и Русија во Анталија, одржан со цел да се постигне договор за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина, потсетува Анадолија.