Иран „еднострано и привремено“ ги прекина разговорите со Саудиска Арабија, соопшти државната агенција „Нур њуз“, без да додаде дополнителни детали, пренесува Блумберг.

Двете страни се очекуваше да разговараат за чекорите за обновување на дипломатските врски кои се официјално прекинати од 2016 година, како и за војната во Јемен, каде што ги поддржуваат спротивставените страни.

Во написот не се наведува причината за прекинот на преговорите, но одлуката е донесена откако Саудиска Арабија егзекутираше 81 лице осудени за злосторства кои се движат од убиства до врски со бунтовнички групи.