Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам во Белград, што ќе се одржува од 24 до 27 март 2022 година.
Како што е најавено, на саемот ќе има македонски штанд и оваа година има рекорден број на општини и претставници од туристичкиот сектор, кои ќе ги презентираат туристичките дестинации на земјава.