Денес се одржа итна седница на Собранието на Комора на сметководители на Македонија со цел разгледување на моменталната ситуација со Комора и нејзиното членство во Сојузот на стопански комори на Македонија.
Имено, во изминатите неколку месеци од страна на нелегитимно избраното раководство на Сојузот на стопански комори и самопрогалаениот претседател Трајан Ангелоски беше целосно окупирана работата на Сојузот и службите, со што беше оневозможено непреченото функционирање на Комора на сметководители.
Дополнително, спротивно на сите законски и статутарни одредби Ангелоски самоиницијативно донесува одлуки за исклучување на компаниите членки на дел од раководството, вклучително и на претседателот на Комората, Драган Митковски, со цел негово присилно менување и назначување на лица блиски до Ангелоски. Сојузот на стопански комори претставува здружение кое обединува повеќе автономни комори и нема право да исклучува фирми членки на истите или да одлучува за промена на раководство во истите.
Злоупотребувајќи ги документите и списоците со кои располагаат службите, Ангелоски ги замајува компаниите членки доставувајќи им лажни информации за исполнување на сопствените лични интереси.
Поучени од претходно свикани нелегитимни Собранија на други комори членки на Сојузот, за насилно менување на раководството и обид за нивно незаконско запишување во Централен регистар и загрижени за сопствената безбедност поради претходно упатените закани од страна на нелегитимниот претседател на Сојзуот на стопански комори, Трајан Ангелоски, а со цел зачувување и на интегритетот на Комората на сметководители, Собранието на Комората денес донесе Одлука за истапување на Стопанска комора-Комора на сметководители на Македонија Скопје од сојуз на Стопански комори на Македонија-Стопанска Интересна Заедница – Скопје.
Согласно донесената одлука, Собранието го овласти Претседателот на Стопанска комора – комора на Сметководители на Македонија Скопје да ги преземе сите потребни дејства за реализација на оваа одлука.
Комората на сметководители во изминатите години активно се залага за унапредување и заштита на правата на сметководителите, а така ќе продолжи и во иднина.
Комора на сметководители на Македонија