ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Б.К.(36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Во февруари 2021 година, пријавениот на М.Б. од Радовиш, му дал на заем 2.500 денари, при што договорил несразмерно висока камата од 100%, односно за две недели требало да му врати 5.000 денари.
Откако не му биле вратени, пријавениот му се заканил на М.Б. и го принудил да му врати 11.000 денари.