САД имаат многу малку опции на располагање кога станува збор за следење на оружјето испратено во Украина. Шансите дека американските власти можат да знаат каде завршува тоа оружје се „блиску до нула“, изјавија неколку неименувани извори за Си-Ен-Ен.

Висок претставник на американското Министерство за одбрана призна дека „секогаш постои ризик дека, на долг рок, некои оружја може да завршат во рацете на други групи“.

– Знаеме што се случува со ова оружје кратко време, но штом се употреби во војна, каде што има многу неизвесност, нашето следење на тоа оружје практично исчезнува. Паѓа во голема црна дупка по краток период и не знаеме што се случува со истото, истакна тој.

– Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби синоќа потврди дека САД во Украина испратила дополнителни делови за авиони и ја поправиле оштетената опрема.

Западните земји досега и испратија на Украина значително количество оружје, пред сè противтенковски ракети, што Украинците многу успешно ги користеа против руските тенкови и оклопни возила.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски продолжува да ја повикува меѓународната заедница да ја интензивираат испораката на воена помош.