На канцеларот Олаф Шолц му оди лошо во контекст на украинската криза, велат 52 отсто од Германците, според истражувањето објавено денеска.Шолц се најде под притисок затоа што одби да и достави на Украина смртоносно тешко оружје.

Спротивно мислење имаат 35 отсто од испитаниците. Тие веруваат дека Шолц ја презема вистинската акција.

Германците се позадоволни од работата на министерката за надворешни работи Аналена Бербок, која ужива 47 отсто поддршка.

Во истражувањето учествувале 1002 лица. Анкетата ја спроведе социолошкиот институт INSA во име на весникот Билд ем Зонтаг.