Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби, а во пресрет на средбата на сојузниците и партнерит по НАТО во Германија што се одржува денеска.
-Армијата (на Русија) стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира, изјави Кирби во интервју за Си-ен-ен.
Додаде дека САД сакаат Русија во иднина да на може да биде закана за своите соседи.
-Руската економија е во тешка ситуација. Незините вооружени сили се истоштени во многу погледи, не целосно, но безусловно (Русија) изгуби многу свои војници претрпи загуби во оваа инвазија на Украина, изјави тој.
Кирби не сакаше да даде подетална нфрормација за состојбата на руските вооружени сили.