Најмалку девет борци, вклучително и пет сириски војници, загинаа во израелски напади врз цели во близина на Дамаск, објави денеска Сириската опсерваторија за човекови права (ОСДХ).
Израел цели на складиште за муниција и цели поврзани со Иран, кој воено му помага на сирискиот режим на Башар ал Асад, соопшти невладината организација.
Рами Абдел Рахман, кој ја предводи ОСДХ, рече дека се убиени четворица членови на проиранската милиција. Националноста на овие жртви не е потврдена.
Најмалку осум лица се повредени во израелските напади на пет различни локации, додава OSDH, организација со седиште во Велика Британија.