Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената се казнети 141 возач.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, информираа од МВР, 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.